Мажот што исчезна во водите кај браната Мантово е пронајден мртов

Мажот што исчезна во водите кај браната Мантово е пронајден мртов

Триесетгодишниот маж кој вчера исчезна во водите кај браната Мантово во Радовиш е пронајден мртов.

Според информациите на МВР, телото на Р.А. (30) од село Дедино било пронајдено и извадено од водите од страна на нуркачка екипа од Единицата за специјални задачи.

Увид извршиле јавен обвинител и полициска екипа.