Македонија и Катар заедно ќе се борат против илегална миграција

Македонија и Катар заедно ќе се борат против илегална миграција

Македонија и Катар имаат потреба од градење заеднички пристап во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција. Ова го констатирале на средба во Катар државната скретарка во МВР, Магдалена Несторовска и министерот за развој на администрација, труд и социјална политика и Национален координатор за трговија со луѓе на државата Катар, Еиса Саад Ал Наими.

„Министерот Ал Наими во името на Државата Катар ја изрази потребата од продлабочување на соработката помеѓу двете држави и во други области од заеднички интерес на Република Македонија и Државата Катар“, соопшти МВР.

Делегација на МВР предводена од државната секретарка Магдалена Несторовска присуствува на 5-та Глобална конференција на Интерпол за трговија со луѓе и илегална миграција во Доха,Катар.