Македонските здруженија во Албанија го поздравија законот за малцинствата: Во земјата има Македонци, а не Бугари

Македонските здруженија во Албанија го поздравија законот за малцинствата: Во земјата има Македонци, а не Бугари

 

Во Албанија нема Бугари туку Македонци, а официјална Тирана со законското решение за малцинствата во Албанија не признава бугарско малцинство, туку признава македонско  малцинство, јавува дописникот на Макфакс од Тирана. 

 

Албанската влада во четвртокот го усвои предлог  законот за заштита на националните малцинства, во кој стои дека Албанија како малцинства во земјата ги признава  македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и еѓипќанското малцинство.

 

Овој законски текст за прв пат се усвојува во Албанија, и тоа по барање на Брисел, во насока на интегрирање на земјата во институциите на ЕУ. Владата соопшти дека со овој закон фактички се утврдуваат правата на малцинствата  во согласност со Уставот на земјата, како и меѓународната Конвенцијата во рамките на Советот на ЕУ за заштита на малцинските права, ратификувана во 1999-та година.

 

Најавите за донесување на еден посебен закон за заштита на малцинствата во Албанија претходно беше поздравен од страна на македонските здруженија во Албанија. Претседателот на  на здружението на Македонците „Илинден“ во Тирана, Никола Ѓурѓај  изјави дека законот треба да се донесе по барање на ЕУ, и од него се очекува дефинитивно да се надминат проблемите кои ги имаат Македонците и другите малцинства во однос на нивните права во Албанија./крај/мф/мн