Макрон: Да се избегнуваат насилства по одлуката на Трамп за Ерусалим

Макрон: Да се избегнуваат насилства по одлуката на Трамп за Ерусалим

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, повика по секоја цена да се избегне насилство по одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Тој изрази жалење од одлуката на американскиот Доналд Трамп и повика на смиреност.

Американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел и побара преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.