Макрон не се кае поради пцостот на телевизија

Макрон не се кае поради пцостот на телевизија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска не покажа знаци на каење кога телевизиска екипа случајно го снимила како вулгарно зборува за протестот на работниците во фабриката за автоделови во Еглетон и, наместо тоа, побара од медиумите да се фокусираат на вистинските прашања со кои се соочува земјата.

АФП објави дека 39-годишниот поранешен инвестициски банкар се нашол на удар на критики кога во средата при официјална посета на руралниот регион Корец во централна Франција со пцост ги коментирал собраните демонстранти што го дочекале.