МАКФАКС

Мароканското чудовиште од Лох Нес се врати дома

Мароканското чудовиште од Лох Нес се врати дома
20.04.2017, 16:05

Скелет од морски диносаурус стар 66 милиони години, кој во февруари бил повлечен од најавена аукција за продажба во Париз, вратен е во Мароко и предаден на Министерството за рударство и енергетика.

Скелетот на плезиосаурус, наречен „Зарафасаурус океанис“ потекнува од централниот дел од Мароко. Мароканските здруженија се посомневале дека се работи за криумчарење и ја нарекоа аукцијата кражба на “единственото национално наследство“.Како што пренесуваат медиумите, Мароко ќе поднесе жалба поради илегално ископување и криумчарење на фосили и кршење на мароканските прописи и закони.

Скелетот е наречен “редок фосил“, а се претпоставува дека животното на кое му припаѓа скелетот, пливало како “чудовиштето од Лох Нес“. На аукцијата било проценето на 450 илјади евра.крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *