Марш на бели националисти во универзитетот во Вирџинија

Марш на бели националисти во универзитетот во Вирџинија

Стотици бели Американци се собраа во универзитетот во Вирџинија на протест против планот за отстранување на статуа на конфедерален генерал, јавува БибиСи. Групата со факели во рацете извикувала „Евреите нема да не заменат“ и „белите животи се важни“. За време на протестот имало и судири, а локалните власти го осудија маршот, нарекувајќи го расистички.

Демонстрантите се гневни на планот за отстранување на статуата од конфедералниот генерал Роберт Е. Ли од Шарлотсвил, кој ги предводел силите на Конфедерацијата на про-ропството во Граѓанската војна во САД, пишува БиБиСи.

Организаторот на протестот, Џејсон Кеслер, го опиша настанот како „неверојатен момент за белите луѓе кои се собрале и кои нема да трпат повеќе“. Демонстрантите извикувале „еден народ, една нација, крај на имиграцијата“ пренесуваат локалните медиуми.

Групата се судрила со друга помала група контра протестанти, по што полицијата морала да интервенира, за да ги раздвои. Осуда за инцидентот бил упатен од локалното население, како и од политичарите кои го нарекле таквото однесување „кукавичка парада од омраза, расизам и нетолеранција“.