Меркел: Лондон ќе добие фер третман од ЕУ, но Брегзит ќе има своја цена Лондон,19.05.2017(Макфакс) –

Меркел: Лондон ќе добие фер третман од ЕУ, но Брегзит ќе има своја цена  Лондон,19.05.2017(Макфакс) –

 

Велика Британија ќе добие фер третман од ЕУ, откако ќе јао напушти заедницата, но Брекзитот ќе има своја цена.

 

Ова го изјави германската канцеларка Ангела Меркел,  информира “Ројтерс”. Во март Велика Британија официјално ја објави својата намера да излезе од ЕУ и дека сака да одржува блиски врски со Унијата.

 

Последните денови Меркел повеќе пати истакна дека Лондон треба да очекува повеќе дистанцирани односи, ако веќе не е член, потсетува агенцијата.

На конференција за семеен бизнис канцеларката рече дека се ќе има “цена”, па така и за заминувањето на Велика Британија, ако таа не прифаќа слободното движење на граѓаните на ЕУ.

 

Ќе треба да видиме како тоа ќе се балансира, истакна Меркел. Според неа, ЕУ ќе има потреба од механизми за справување со новите правила во Велика Британија, кои по Брегзитот можат да ја искриват конкуренцијата. Се очекува разговорите да започнат следниот месец. Крај/мф/кс