Меркел одби нов телевизиски дуел со Шулц

Меркел одби нов телевизиски дуел со Шулц

Германската канцеларка Ангела Меркел го одби повикот на противкандидатот Мартин Шулц да одржат уште еден ТВ-дуел во кампањата за изборите, кои ќе се одржат на 24 септември.

Шулц упати писмо до Меркел во кое наведува дека тие двајца во претходната дебата не успеале да разговараат за многу суштествени прашања.

Од Демохристијанската партија ја отфрлиле оваа идеја, пренесува „Ројтерс“.

Според анкетата на телевизијата АРД, која била направена по дебата на 3 септември, Меркел оставила подобар впечаток кај гласачите.