Меркел се надева дека новата влада ќе биде формирана во наредните неколку месеци

Меркел се надева дека новата влада ќе биде формирана во наредните неколку месеци

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изрази надеж дека новата влада ќе биде формирана до Велигден.

Во својот изборен округ во Тринвилерсхаген, во североисточната провинција Мекленбург, синоќа, маратонските разговори меѓу нејзиниот блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите за тоа дали да влезат во официјални преговори за коалицирање, Меркел ги нарече „првиот чекор во еден долг процес”.

Според неа, повеќе проблеми ќе треба да се решат на европско ниво.

„Многу проблеми имаат потреба од меѓународни, европски решенија“, додаде таа, наведувајќи ги како примери односите со САД и Кина и еколошките проблеми.