Меѓународната манифестација „Фолклорен мост“ во Струга

Меѓународната манифестација „Фолклорен мост“ во  Струга

Вечерва, од 20 часот, во Струга ќе се одржи традиционалната, годинава 11. по ред, Меѓународна манифестација „Фолклорен мост“, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Манифестацијата ќе започне со дефиле на околу 100 учесници низ струшката чаршија, а ќе продолжи со настап на платото пред Центарот за култура.

Според најавената програма, учество ќе земат културно уметничките друштва „Илинден“ – Струга, „Дримкол“ од Вевчани, „Фолклористи“ – с. Лескоец, „Везилка“ – Прилеп,„Бисер“ – Кичево, како и ансамблите „Гоце Делчев“ од Битола, „Црна Гора“ од Подгорица и „Стив Наумов“  од Логоврди.