Одбележан меѓународниот ден на музеите

Одбележан меѓународниот ден на музеите

Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, денесka го одбележуваат Здружението Македонски национален комитет при Меѓународниот совет на музеите и Македонскиот национален комитет на Синиот штит.

 

„Меѓународниот ден на музеите го одбележуваме традиционално, со советување со светската тема за оваа година ‘Музеите и спорните истории – кажувајќи го неискажливото во музеите“ и со доделување на наградата „18 Мај ­ Меѓународен ден на музеите“, рече претседателот на МНК ИКОМ,Маја Чанкуловска­Михајловска.

 

Годинашен добитник на на нагарадата „Музеј на годината“ е  Музејот  и Завод Битола, за новоотворениот музеј „Спомен куќа на Татарчеви“, а за музејски проект на годината добитници се „Спомен­куќата на Мајка Тереза“ за проектот „Тишината раскажува за Мајка Тереза“ од авторот Цветанка Вучковска­Митовска и Музејот на македонската борба ­ Скопје за проектот „Вики клуб во Музеј на македонската борба“ од авторите Даниела Митевска и Ана Вишинова.

 

Наградата за надворешен музејски соработник му припадна на новинарот Тони Димков за ангажманите во афирмацијата на културата и музејското работење.Крај мф-ем