Милан го потврди трансферот на Лукас Биља

Милан го потврди трансферот на Лукас Биља

Аргентинецот Лукас Биља официјално од Лацио се пресели во Милан. Според новинарските шпекулации трансферот изнесува 17 милиони евра.

Биља има 31 година, последните четири сезони ги мина во Лацио, а претходно има настапувано за Андерлехт во Европа, односно Индепендијанте и Аргентинос јуниорс во Аргентина.

Биља со Милан потпиша тригодишен договор.

Аргентинецот е осмото засилување за Милан во летниот преоден рок, тим кој е најактивен на трансфер пазарот, претходно договори со „црвено-црните“ потпишаа: Леонардо Бонучи (42 млн. евра), Андре Силва (38), Андреа Конти (25), Хакан Чалханоглу (22), Рикардо Родригез (11) и Матео Мусакио (18).

Во меѓувреме Милан почнал преговори со Баер околу трансферот на Португалецот Ренато Санчез, за кого Баварците бараат 35 милиони евра и со Реал за трансфер на Алваро Мората за кого понудиле 70 милиони евра. н.ц.