Милевски: Грешките нè однесоа во пораз

Милевски: Грешките нè однесоа во пораз

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, по поразот од Србија (0:2), истакна дека противникот бил подобар и дека заслужено победил. Клуч за поразот, според него, биле индивидуалните грешки и на моменти недисциплината во играта.

„Кога ќе се собере играта во првото и второто полувреме, Србија заслужено нè победи. Иако имавме и ние свои шанси, посебно во второто полувреме, не ги искористивме. На почетокот, првите 20 минути, имавме игра, добро стоевме на теренот. Од наша невнимателност ги примивме и двата гола. Мислам дека некои од фудбалерите играа далеку под своите можности и квалитети. Имаше делови од натпреварот каде што имавме грешни додавања, загубени топки. Мислам дека мечот го загубивме на средината од теренот. Имам забелешка до моите фудбaлери кои денес беа премногу импресионирани од противникот. Во делови од натпреварот имаше појава на недисциплина, осoбено во вториот дел. Недозволиво е во мојата екипа противникот, по наш корнер, да ни прави опасни контри. Сигурен сум дека не e намерна оваа недисциплина, туку е резултат на преголемата желба да се постигне гол и да се забележи позитивен резултат“, рече Милевски.

Наредниот меч Македонија го игра во вторник против Гибралтар.

Ненад Цветанов