Министерството за транспорт демантира дека се стопирани проектите во Ѓорче Петров

Министерството за транспорт демантира дека се стопирани проектите во Ѓорче Петров

Министерството за транспорт и врски реагира на изјавите на поранешните функционери во врска со наводното стопирање на проектите во општина Ѓорче Петров.

„Сакаме да појасниме дека проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски во општина Ѓорче Петров не се стопирани. Во однос на проектот „Доизградба на канализациска мрежа во Ѓорче Петров“ сакаме да информираме дека е доставено барање за склучување анекс кон договорот за непредвидени работи. Поради закажаните локални избори, во согласност со законските прописи во Македонија, доставено е барање за мислење до Државната комисија за спречување на корупцијата. Врз основа на мислењето од Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за транспорт и врски ќе постапи во согласност со тоа.

Во однос на проектот „Изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Ѓорче Петров“, со ребалансот на буџетот на Македонија обезбедени се средства во рамките на склучениот договор и проектот се реализира во согласност со договорот“, стои во соопштението на ова Министерство.