Министерството за труд и социјала ги покачи платите во градинките 2 отсто

Министерството за труд и социјала ги покачи платите во градинките 2 отсто

На денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките.

„Редовното покачување од 2 отсто на платите на вработените во градинките е вметнато во нивната септемвриска плата. Потоа, во согласност со Законот за минималната плата зголемената плата од 2 отсто дополнително се покачи до износот на минимална плата“, рече Царовска.

Во таа насока министерката Царовска изјави дека од септември вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2 отсто кај градинките ќе биде до 2.040 денари во зависност од нивното работно место.