Министерството за финансии денеска ќе позјами 36 милиони евра, утре ќе ја врати истата сума за стари долгови

Министерството за финансии денеска ќе позјами 36 милиони евра, утре ќе ја врати истата сума за стари долгови

Министерството за финансии за денеска закажа аукција на државни хартии од вредност. Според проспектите на Министерството за финансии, понудени се 12 месечни државни записи, со и без девизна клаузула, тригодишни државни обврзници, петгодишни државни обврзници и 15-годишни државни обврзници. Вкупната сума за задолжувањето е 36 милиони евра. Веќе утре, 14 февруари, Министерството треба ја врати истата сума. Македонија, покрај домашните задолжувања, позајми пари со еврообврзница од половина милијарда евра. Следното задолжување за раздолжување на домашниот пазар е предвидено за 27 февруари. До јуни се предвидени по 2 аукции месечно.

В. М.