Министерството за правда тврди дека нема испратено допис до ДИК и судовите за казнената евиденција

Министерството за правда тврди дека нема испратено допис до ДИК и судовите за казнената евиденција

Министерството за правда денеска соопшти дека нема испратено допис до Државната изборна комисија и до судовите во врска со уверенијата за казнената евиденција.

„Врз основа на искажаните тврдења за испратен допис од страна на Министерството за правда до Државната изборна комисија и претседателите на основните судови во врска со уверенијата за казнена евиденција при поднесување на кандидатските листи за претстојните локални избори, ве информираме дека Министерството нема доставено таков допис“, се вели во соопштението.

Според Министерството за правда, единствено надлежно тело за спроведување на изборите е Државната изборна комисија.