Мирабели: Трансферот на Бонучи не беше планиран

Мирабели: Трансферот на Бонучи не беше планиран

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, рекол дека клубот не го планирал трансферот на Леонардо Бонучи. Според него, тие не можеле да си замислат дека Јувентус би можел да се откаже од толку значаен играч.

„Доаѓањето на Бонучи не беше планирано. Немавме идеа како можеме да го купиме од Јувентус. Не можев да замислам дека тие ќе се откажат од толку значаен играч“, рекол Мирабели.

Бонучи во летниот преоден рок од Јувентус се пресели во Милан за сума од 42 милиона евра.

„Кога разговарав со неговиот менаџер, му реков дека само ми го троши времето. Меѓутоа, кога разговарав со Лео и кога видов дека тој сака да дојде кај нас, тогаш ми стана јасно дека имаше шанси да го реализираме трансферот. Веднаш реагиравме и ја завршивме работата“, дополнил Мирабели.

Милан добро влезе во новата сезона, со четири победи во првите пет средби, но тимот во последните две кола доживеа два пораза и во пресрет на градското дерби со Интер се наоѓа на седмото место во Серија А со 12 бода. н.ц.