Мисајловски, Јанчев и Николовски потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски, Јанчев и Николовски потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ги избра ексминистерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, и поранешниот пратеник Александар Николовски за потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата беше донсена и одлука на местото нов генерален секретар на партијата да застане поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев, кој беше споменат во бомбите на СДСМ за незаконско издавање лични карти.

На Централниот комитет не беа поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои беа потписници на отвореното писмо со кое јавно се критикуваше изборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Г.Н.Р.