Митровски се гони за незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на општината

Митровски се гони за незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на општината

Поради постоење на основи на сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина.

– На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконско изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето. Со тоа е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро/м2, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока, велат од Обвинителството.

Како што објави „Макфакс“ утринава беше уапсен поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, за злоупотреба на службената положба и овластувањата, во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината. Освен Митровски, како што дознавме, полицијата привела уште неколку лица.