МКФ и Туркиш ерлајнс ја продолжија соработката

МКФ и Туркиш ерлајнс  ја продолжија соработката

Авиокомпанијата Туркиш ерлајнс ќе биде дел од тимот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) уште една година, двете страни го парафираа договорот за продолжување на соработката, откако беа комплетирани сите документации за конечно парафирање на договорот кој беше потпишан помеѓу претседателот на МКФ, Петар Наумоски, и генералниот директор на авиокомпанијата во Република Македонија, Пинар Ајваз Арикан.

Во изминатите две години, колку што турската авиокомпанија е соработник на Македонската куќа на кошарката, соработката се одвиваше на највисоко ниво. Токму поради тоа, двете страни без многу дилеми ја обновија својата соработка на уште 365 дена.

„Некое време разговаравме со претставниците на Туркиш ерлајнс, но поголемиот дел од разговорите се водеа за ’дотерување’ детали од договорот. Несомнено беше дека соработката ќе продолжи бидејќи и тие како и ние се задоволни од меѓусебната соработка и професионалниот однос. Ние сакаме да им го пружиме најдоброто на нашите репрезентативци и сметам дека го правиме токму тоа со задржување на една одлична компанија како дел од нашиот тим“, истакна претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, при потпишување на договорот.

Турската авиокомпанија функционира на просторите на Република Македонија речиси 19 години, а како докажан пријател на македонската кошарка ја започнува својата трета година. крај/мф