Младински настан за одбележување на „Меѓународниот ден на младите“ на „Школка“

Младински настан за одбележување на „Меѓународниот ден на младите“ на „Школка“

Вечерва со почеток во 18:00 часот, во Градскиот парк (на Школка) ќе се одржи младински настан за одбележување на Меѓународниот ден на младите. 

Настанот е во организација на Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Националниот младински совет на Македонија и UNDP.

Под мотото “Млади и активни, те чекаме на дружба”, присутните ќе имаат шанса да бидат дел од дебатата посветена на Младинската Гаранција и младинските политики.

Говорници на дебатата ќе бидат:
Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт;
Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика;
Блажен Малески, претседател на Националниот младински совет на Македонија;
Стефан Богоев, пратеник во Собранието на Република Македонија.
На настанот ќе бидат поделени и благодарници на младите научници од Македонија кои освоија бронзени медали на олимпијадите по физика, хемија, математика и информатика.

Во културно – забавниот дел ќе настапат: DJ Фичо, Ерик Фокс и Бени Нон Стоп.