Монографија за акварелите на Васко Ташковски

Монографија за акварелите на Васко Ташковски

Монографија за акварелите на академик Васко Ташковски беше промовирана во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“. Промоцијата ќе биде збогатена со изложба на акварели од познатиот автор, а за неговото дело ќе говорат Раде Силјан и Паскал Гилевски.

 

– Во изминатите пет децении творечка дејност академик Васко Ташковски обележи значајна етапа во современите текови на македонското сликарство. На неговите платна земните и мистичните појави ја имаат моќта на една пресликана реалност, таинствена и магиска. Во богатото творештво на авторот вљубениците во уметноста препознаваат волшебник на таинственото, фантастичното, мистичното, невозможното – рече писателот Раде Силјан во препораката за изданието.крај/мф/ем