Москва бомбардирана со лажни дојави за бомби

Москва бомбардирана со лажни дојави за бомби

Повеќе од 130 лажни закани за бомби се регистрирани денес во Москва, при што беа евакуирани околу 100.000 луѓе.

Цел на лажните извештаи беа сите четири аеродроми во Москва, пет железнички станици, 15 трговски центри, неколку хотели, повеќе од 20 училишта, јави руската новинска агенција ТАСС.