МПЦ-ОА одбележува половина век од интронизацијата на првиот архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј

МПЦ-ОА одбележува половина век од интронизацијата на првиот архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј

МПЦ-ОА в среда ќе го одбележи јубилејот – 50 години од интронизацијата на првиот архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј на возобновената Охридска архиепископија.

Во одбележувањето соодветно е вклучена Дебарско-кичевската епархија, од каде што известија дека централниот настан ќе биде на денот кога православната црква го слави споменот на св. Сисој Велики.

По повод јубилејот, во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски и администратор австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Охрид, односно охридската катедрална црква „Света Софија“, е местото каде што се интронизирани сите досегашни архиепископи на МПЦ-ОА.