(ВИДЕО) „Мрдни со прст“: Расчистување на областа под железничката станица кај улицата Венјамин Мачуковски

(ВИДЕО) „Мрдни со прст“: Расчистување на областа под железничката станица кај улицата Венјамин Мачуковски

Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, заедно со жителите на Аеродром, како и сите оние што сакаат да го направат своето маало поубаво и почисто место за живеење, денеска, во 18.30 часот организираа активност за чистење и разубавување на областа под железничката станица, во близина на „Венјамин Мачуковски“.

Покрај предвидените активности, присутните ги анимираа препознатливите мрдачи со прст – Тони Зен, ДЈ Гоце Саф и Марко Новески.

Kако траен спомен од овој настан, кој ќе биде потсетник за одржување чиста околина, ќе остане и уметноста на мајсторите за графити, кои ги разубавија столбовите на железничката станица.

Разубавувањето токму на оваа област е всушност реакција од страна на совесен граѓанин кој пред неколку месеци го пријавил проблемот на веб-страницата www.mrdnisoprst.mk како локација во градот на која ѝ е потребно чистење, разубавување и редовно одржување.

Во акцијата активно мрдаа со прст Сојузот на извидниците на Македонија „Ајде Македонија“, Националниот младински сојуз на Македонија, „Биди зелен“, Општина Аеродром и сите други што знаат дека е потребно малку за да се постигне многу.

Со овој настан „Мрдни со прст“ продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за разните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец.

„Tи си на потег“ како слоган  на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Повеќе информации и детали за претходните и следните активности на „Мрдни со прст“ се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на фесјбук-страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst.