МРТ доби опомена за недоволно емитување сопствена програма, а „Нова“ зашто не пуштала македонска музика

МРТ доби опомена за недоволно емитување сопствена програма, а „Нова“ зашто не пуштала македонска музика

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при редовен програмски надзор врз програмските сервиси на Македонската радио-телевизија, МРТ 1 и МРТ 2, и ТВ „Нова“, констатира непочитување на законските одредби што се однесуваат на обврските за исполнување на квотата за изворно создадена програма поради што им изрече мерки опомена.

Мерката опомена на МРТ 1 и МРТ 2 е изречена заради неемитување на најмалку 60 отсто програма изворно создадена во Република Македонија на македонски јазик ниту, пак, најмалку половина од таа програма во периодот од 7 до 19 часот, а на ТВ „Нова“ заради неемитување најмалку 8 часа во текот на неделата во периодот од 7 до 19 часот музика од македонски автори и автори од етничките заедници што не се мнозинство во РМ и не обезбедување пропорционална распределба – 50 отсто да биде народна и 50 отсто забавна музика. Телевизиите имаат законски рок од 30 дена да го усогласат нивното работење.