Назор задоволен од победата, Николиќ се воздржа од коментар

Назор задоволен од победата, Николиќ се воздржа од коментар

Анте Назор, предводникот на МЗТ, не го криеше задоволството по победата на неговиот тим во третиот меч од финалната серија против Карпош Соколи (86:80), додека неговиот колега Драган Николиќ се воздржа од кометар.

„Покажавме карактер да го исконтролираме натпреварот до крајот, мислам дека заслужено победивме.Беше ова тврд и тежок натпревар, какви што се сите против овој противник. Сега немаме многу време за анализа туку треба да се подготвиме за наредниот натпревар“, изјави за Макфакс тренерот на МЗТ, Анте Назор.

„На сите можни начини, од сите страни се обидоа да ни го растурат ритамот. Но тука ќе го спомнам и екстра квалитетот на Доминик Мавра, само Џузепе Џерџа (прославен играч и тренер на Задар) од неговиот град играше на начин на кој тој играше вечерва. Карпош Соколи покажаа исклучителен квалитет, тоа е тим кој мора да го респектираме“, дополни Назор.

Од друга страна неговиот колега од Карпош Соколи не сакаше да коментира, само кусо рече: „Немам што да кажам, очекувам дека да се огласи со соопштение за она што се случуваше“.

Николиќ, во финишот на натпреварот беше погоден од публиката со мал предмет, најверојатно паричка. Поради тоа тој дестина минути по мечот го пишуваше записникот. крај/мф/нц