Намален бројот на абортуси во Mакедонија

Намален бројот на абортуси во Mакедонија

Опаѓа бројот на регистрирани абортуси во јавните здравствени установи во Земјата.

На денешната јавна дебата за влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје презентираше податоци според кои бројот на абортуси во 2016 година се намалил .

Минатата година во Македонија се извршени вкупно 4251 абортус во јавните здравствени установи, во 2014 тој број бил 4738, а годините претходно бројот на абортуси бил уште повисок . крај/мф/вм