Напад со ладно оружје пред спортска обложувачница во Гостивар

Напад со ладно оружје пред спортска обложувачница во Гостивар

Жестока физичка пресметка се случила пред спортска обложувачница во Гостивар, во која била употребено и ладно оружје, по што едно лице завршило во болница.

Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден околу 18.30 часот било пријавено дека на гостиварската улица Тоде Богданоски, пред спортска обложувалница, додека Д.К. (32) седел со својот пријател Р.Ј. (38), дошол Е.Н, кој кога видел дека Д.К. во раката имал 100 евра и мобилен телефон, се обидел да му ги одземе и да побегне, но Д.К. го спречил.

Во тој момент напаѓачот од џебот извадил нож со кој замавнал кон Д.К., а потоа од појасот извадил мала секира, со која го удрил во пределот на главата, при што му нанел расеченица, а потоа со ножот го пробол два пати во пределот на левото рамо и во пределот на левата дланка, по што го напуштил местото на настанот.

Д.К. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што му била укажана лекарска помош и му констатирани биле телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Гостиварската полиција извршила увид на местото на настанот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.