Народниот театар Охрид ќе гостува на фестивалот „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Народниот театар Охрид ќе гостува на фестивалот „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

Народниот театар Охрид в четврток во 20.00 часот ќе гостува на седмиот по ред Интернационален театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Театарот ќе ја изведе претставата „Аналфабет“, комедија работена според текст на Бранислав Нушиќ.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена, Лапајкоска – Дупева.

Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески, сценограф е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.