Населбата Илинден доби нова библиотека

Населбата Илинден доби нова библиотека

Отворена е нова библиотека во населбата Илинден како дел од Домот на култура „Марино“, а во рамки на манифестацијата „Илинден 2017“.

Матица македонска го донираше почетниот фонд на книги во новата библиотека.

„Отворањето на библиотеката е дел од континуираните активности на локалната самоуправа во насока на обезбедување поволни услови за негување и унапредување на културата, која е белег на нашето постоење и значаен симбол на идентитетот на секој народ“, рече градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

При отворањето на библиотеката се одржа пригодна свеченост на која со своите творби се претставија млади писателски таленти од општината. крај/мф