Научниците пронашле лек против деменција

Научниците пронашле лек против деменција

Научниците се надеваат дека успеале да пронајдат лек што ги спречува сите невродегенеративни болести на мозокот, вклучувајќи ја и деменцијата, соопшти Советот за медицински истражувања на Велика Британија.

Нивниот тим на истражувачи успеал во 2013 година да го запре умирањето на нервните ќелии кај животните и тоа откритие со денови беше на насловните станици на весниците ширум светот, пренесува BBC.

Користената компонента во лековите, сепак не била погодна за примена кај луѓето, дури и предизвикала оштетување на органите.

Тимот научници пронашол два нови лека кои имаат еднакво заштитно дејство на нервните ќелии и можат безбедно да се користат кај луѓето.

Клиничките истражувања врз пациенти кои боледуваат од деменција ќе започнат наскоро, а резултатите од делотворноста на лекот ќе бидат објавени за три години. /крај/он/ст