Нема притвор за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски

Нема притвор за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски

Апелациониот суд ја објави одлуката за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, и одлучи, како и по решението на Кривичниот суд, да не му определи притвор на обвинетиот како мерка за обезбедување присуство.

Ѓоко Поповски е обвинет во случајот „Триста“ за набавка на 300 возила за полицијата. Апелациониот суд притоа ја одби и неговата жалба да му биде одземен пасошот, па бидејќи одлуката е конечна, Поповски ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот и нема да смее да ја напушта земјата.

В. М.