Нетанјаху ги демантира обвинувањата за примање мито

Нетанјаху ги демантира обвинувањата за примање мито

Веднаш по предлогот на полицијата до државниот обвинител на Израел да го обвини премиерот на земјата за примање мито, Бенјамин Нетанјаху се огласи и ги демантира таквите обвинувања против него. Тој ги нарече обвинувањата неосновани и го потврди ставот дека успешно ќе го заврши својот четврт мандат на местото премиер.

Полицијата може само да предложи до државниот обвинител, а тој ја има конечната одлука, објаснува „Ројтерс“. Нетанјаху тврди дека е невин, а од почетокот на 2017 година неколкупати тој е испрашуван од полицијата.

Израелските медиуми пренесуваат дека Нетанјаху примил подароци од бизнисмени и дека правел договор со еден изрелски издавач за намалување на медиумска конкуренција заради позитивни текстови во весниците.