Нетанјаху: Одлуката на Трамп за Ерусалим е историска

Нетанјаху: Одлуката на Трамп за Ерусалим е историска

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја квалификува историска одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Ваквата реакција следува кога американскиот претседател рече дека е време Ерусалим да биде признат за главен град на Израел. Денешната објава, според Доналд Трамп, го одбележува почетокот на нов приод кон конфликтот меѓу Израел и Палестинците. Во 1995 година Конгресот усвои акт со кој се побара федералните власти да ја преместат Амбасадата во Ерусалим и да го признаат тој град за престолнина на Израел. Овој акт беше усвоен со големо мнозинство.