Не се познати мотивите по убиството во Чаир, пронајдени чаури

Не се познати мотивите по убиството во Чаир, пронајдени чаури

Скопјанецот Исмет Арифи, кој синоќа беше убиен во Чаир, и Ќемал Лусјани кој, пак, беше ранет, непосредно пред пукотниците биле во чајџилницата „Диселдорф“ на улицата Лазар Трповски.

„Пред настанот, И.А. и Ќ.Л. биле во чајџилницата „Диселдорф“ и кога излегле од таму влегле во возило марка „пасат“, кое било паркирано во непосредна близина на чајџилницата. И.А. седнал на возачкото место, а Ќ.Л. на совозачкото. Откако го стартувале возилото и се придвижиле во насока од улицата Лазар Трповски во правец кон улицата Втора Македонска Бригада, од непосредна близина од страната на возачот (сега починатиот) непознат сторител со употреба на огнено оружје испукал повеќе куршуми во правец на возилотo, при што со неколку куршуми смртно го застрелал И.А., а со еден куршум го ранил Ќ.Л. во левото рамо, по што сторителот избегал“, соопштија од МВР.
Настанот во полиција бил пријавен околу 22.30 часот.
Ранетиот е пренесен во скопскиот Ургентен центар, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
„Од лице место подигнати се 11 чаури и предметното возило за крим техничка обработка и истите ќе бидат предмет на вештачење, додека од починатиот одземени се мобилни телефонски апарати, облеката и други лични предмети, земена е парафинска ракавица и истите ќе бидат предмет на вештачење“, наведуваат од МВР.
Во соопштението нема информации за можните мотиви.