Николо Мели ќе игра во Фенербахче

Николо Мели ќе игра во Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Фенербахче, според информациите на Газета дело спорт, го договорил првото засилување за наредната сезона.

Италијанскиот репрезентативен крилен центар Николо Мели, најдобриот играч на Бамберг од Германија, ќе се пресели во Турција. Договорот кој Мели го има со Бамберг истекува на крајот од сезоната, што значи дека тој како слободен играч ќе се пресели во Фенербахче.

Газета дело спорт пишува дека репрезентативецот на Италија договорил повеќегодишна соработка со Фенербахче.

Мели оваа сезона во Евролигата во просек по натпревар бележеше по 11,5 поени, 7,4 скока и 2,3 асистенции. крај/мф/нц