Нова градинка во населбата Бардовци

Нова градинка во населбата Бардовци

Со поставување камен-темелник, денеска градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, свечено ја најави изградбата на новата детска градинка во населбата Бардовци. Оваа претшколска установа ќе биде изградена во рамките на училишниот двор на ООУ „Аврам Писевски“ и ќе зафаќа површина од 521 м2. Вкупната вредност за изградба на овој капитален објект изнесува речиси 24.000.000 денари, од кои 7.300.000 денари се обезбедени од ИПА-програмата за општински рурални инвестиции преку Министерството за финансии. Другите средства, односно 16.700.000 денари, од својот буџет ги обезбеди Општина Карпош. Изведувач на градежните работи ќе биде фирмата „Конструктор“.

„По речиси две и пол години во соработка со Светската банка и ИПА-програмата, Општина Карпош доаѓа до овој камен-темелник каде што градиме градинка за нашите најмали жители од населбата Бардовци. Со ова ја прошируваме мрежата на детски градинки во нашата општина, како што тоа го направивме со изградбата на предучилишната установа „Пролет“ во Козле“, изјави Јакимовски. Градинката што треба да биде изградена за една година ќе има капацитет за 78 деца на возраст од 2 до 6 години.

 

 

 

 

 

 

 

Општина Карпош