Нова сензација во Монте Карло, Гофан го елиминира Ѓоковиќ

Нова сензација во Монте Карло, Гофан го елиминира Ѓоковиќ

Давид Гофан на Мастерсот во Монте Карло ја забележа најголемата победа во кариерата, откако во четвртфиналето славеше над Новак Ѓоковиќ со 2:1 (6:2, 3:6, 7:5).

Новак Ѓоковиќ до пред една година беше доминатен во светскиот тенис, но од освојувањето на Роланд Гарос, се мачи на сите турнири. Сезонава никако не успева да ја мине четвртфиналната фаза.

Во четвртфиналето го заврши настапот во Индијан Велс и Мајами, а во петокот истото му се случи и во Монте Карло.

Српскиот тенисер, во претходните две рунди ги победи Симон и Карењо-Буста и покрај големите осцилации во играта, но не успеа истото да го повтори против одличниот Гофан во четвртфиналето.

Ѓоковиќ одигра лош прв сет, потоа доминираше во вториот, а кога се чинеше дека ја наметна својата игра во третиот сет и имаше предност 4:2, тогаш падна во бездната од која не успеа да се извлече. До крајот Белгиецот доби пет од шестте гема и се пласира во полуфиналето. крај/мф/нц