Новинарите добија бесплатен пристап до Централниот регистар, но ќе треба да напишат што истражуваат

Новинарите добија бесплатен пристап до Централниот регистар, но ќе треба да напишат што истражуваат

Новинарите од денеска ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистар, но во барањата ќе мораат да наведат на какво истражување работат. Ова денеска на средбата на новинари го соопшти новата директорка на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковска.

Владата минатата недела донесе одлука со која новинарите кои работат на истражувачки стории ќе може да поднесат барање со кое нема да се наплаќа услугата од регистарот. Барањето треба да биде ставено на меморандумот на новинарската организација и да содржи печат и потпис од одговорниот уредник. Централниот регистар и Агенцијата за кастар на недвижности ќе треба на видно место да назначат дека барањето е во функција за истражување и дека не треба да се злопутребува за други цели.

По реакцијата на новинарите на праксата да се бара од новинарите да кажат и пишат на какво истражување работат, директорката даде алтернативна опција да се претплатат на веб-сајтот на Цетралниот регистер и за цена со 80 проценти попуст можат да добијат пристап до 2,000 документи годишно. На прашањето зошто процедурата побарува од новинарите да пишуваат што истражуваат, беше речено дека одлуката и правилата ги пропишала владата, а институцијата не била консултирана.