Новиот објект на Македонската филхармонија се отвора в недела

Новиот објект на Македонската филхармонија се отвора в недела

Новиот објект на Македонската филхармонија ќе биде отворен в недела, во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата, со која како солист ќе настапи нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески.

 

Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичко­сценската дејност, новиот објект го добива по 73 години од постоењето. Концертот ќе биде под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбарани диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија. Ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев ­ суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“, Сергеј Прокофјев ­ концерт за клавир и оркестар бр. 3 во C­dur, оп. 26 и од Петар Илич Чајковски ­ симфонија бр. 5 во e­moll оп. 64.

 

„Многу се вложиле во овој објект и со голема љубов, со многу посветеност и труд во изминатите години како Министерство за култура и како тим кој работел на изградбата на објектот, дале сè од себе да има ваков објект според сите светски стандарди со најврвна акустика.Во изминативе денови присуствував на пробите и вчера кога беше присутен маестро Ашкенази и претходно кога диригираше Борјан Цанев заедно со оркестарот и навистина сум горда и воодушевена од самиот објект и од сето она што успеавме да го направиме со цел да го ставиме во функција објектот и во функција на Македонската филхармонија“, рече министерката за култура, Елизабета Канческа ­ Милевска.

 

„Почестен сум што сум поканет да настапам на отворањето на новата филхармонија заедно со маестрото Ашкенази. Човекот е навистина реткост заради тоа што има исклучително добро срце и широка душа и освен талентот тоа значи многу. Тимската работа со маестрото даде плод и заедно со залагањето на посебно инспирираните музичари на Македонската филхармонија ќе придонесат за убав впечаток кај публиката. Програмата е прекрасно конципирана и можат да се покажат најразличните квалитети на сите инволвирани уметници во неа“, вели Симон Трпчески.

 

Крај мф-ем