Новиот состав на Владата и законот за јазиците први на агендата во Собранието

Новиот состав на Владата и законот за јазиците први на агендата во Собранието

Дебатата за законот за употреба на јазиците би требало да се најде следната недела и да заврши до петок доколку во меѓувреме не стигне предлогот на Владата за новите министри, кој ќе има приоритет, рече собранискиот спикер Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите. На прашањето дали во Собранието ќе се обраќа на албански јазик, Џафери избегна конкретен одговор.

„Суштината на законот не е тоа, туку собраниските материјали да бидат достапни на албански јазик. Не сакам да се претворам во преведувач и, нормално, никој не може да ми го исклучи микрофонот, но тоа не е целта на законот“, рече Џафери.

Како што најави собранискиот спикер Џафери, набргу ќе започне и комисиката расправа за предлог-буџетот за 2018 година и во период од 10 дена тоа ќе биде главната активност. Доколку распарвата за буџетот заврши до 24 ноември, последната недела од месецот може да се очекуваат и пратенички прашања.

Додека трае комисијата за буџетот, Џафери рече дека ќе свика средба со претсвниците на парламентарните партии а допрецзирање на одредени делови од Деловникот.

„Најпрвин треба да допрезизираме одредени делови во однос на конститутивната седница, колку таа треба да трае, како треба да биде завршена, да го расчистиме тоа отворено прашање. Ќе стане збор и за бројот на пратеничките групи, а во тој контект и за употребата на процедуралните забелешки“, рече Џафери.

Во однос на последните настани кога недостигаше кворум за работа, Џафери уште еднаш рече дека обврската на пратениците е да бидат присутни на работа и дека секој за своето однесување презема одговорност пред јавноста, односно граѓаните што му ја дале довербата.

На прашањето дали има пристигната иницијатива за случајот „Диво Насеље“, Џафери информира дека сè уште нема пристигнато ништо. Но, тој додаде дека кога се работи за судска постапка, Собранието може да формира анкетна комисија, само доколку се докажува политичка одговорност, во спротивно нема ингеренции да навлегува во судската власт.

Џафери очекува до крајот на годината да има седници и за именување нов државен јавен обвинител, како и за ратификување на договорот за добрососедство со Бугарија.