Ново рочиште за „Триста“ – психијатар ќе проценува дали обвинетиот Ѓоко Поповски е способен да го следи судењето

Ново рочиште за „Триста“ – психијатар ќе проценува дали обвинетиот Ѓоко Поповски е способен да го следи судењето

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Триста“, во кое е обвинет поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. На судењето е повикан вештак-психијатар кој треба да даде мислење дали обвинетиот е во депресија и дали е способен да ги следи судењата.

На барање на судијката, денеска во Судот треба да се појави и лекарот кој го издал боледувањето за Поповски, поради што два пати се одлагаа претходно закажаните судски рочишта, бидејќи обвинетиот Поповски не се појавуваше.

Според адвокатите на Поповски, тој не се појавувал на судењата бидејќи бил во лоша здравствена состојба. На последното рочиште се појави за првпат во судница, поради притисок на јавноста.

Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.