Нов пад на цените на нафтата

Нов пад на цените на нафтата

Цените на нафтата повторно паднаа во вторник на меѓународните пазари кон 46 долари откако група банки, во контекст на прекумерното снабдување, ги намали прогнозите на цените за оваа година.

На лондонската берза цената на барелот е намалена за 50 центи во однос на претходното затворање на пазарот и изнесуваше 46,38 долари. Во ист износ била во минус и на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 43,90 долари.

Одвоено, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во понеделник изнесувала 44,77 долари, што значи дека паднала 34 центи во однос на претходниот работен ден. /макфакс/