Нов паркинг-простор во близина на пазарчето во Ѓорче Петров

Нов паркинг-простор во близина на пазарчето во Ѓорче Петров

Во близина на пазарчето во населбата Ѓорче Петров е пуштен во употреба целосно нов паркинг-простор.

Од Општината информираат дека со ова е решен долгогодишниот проблем на жителите, особено на посетителите на пазарот што доаѓаат со возила.

„Улицата Новопроектирана 1 досега беше многу често блокирана од привремено паркирани возила, а сопствениците се соочуваа со проблемот подигање на возилата од страна на пајак-службата. Новоизградениот паркинг, кој е пуштен во употреба минатата недела, ќе овозможи непречено паркирање и за купувачите и за сопствениците на тезги во пазарчето“, велат од Општина Ѓорче Петров.