Нов скандал во Холивуд: Популарниот актер Ед Вествик обвинет за силување на негова колешка

Нов скандал во Холивуд: Популарниот актер Ед Вествик обвинет за силување на негова колешка

Младата актерка Кристин Коен го обвини Ед Вествик, кој глумеше еден од главните ликови во популарната серија „Озборувачка“ (Gossip Girl), дека ја силувал.

Коен го обвини Вествик дека ја силувал пред три години, кога првпат го запознала во неговиот дом во кој го посетила со нејзиниот тогашен партнер. Младата актерка напиша на „Фејсбук“  дека Вествик прво сугерирал тие да имаат секс во тројка. Кристина му предложила на својот партнер, инаку продуцент во Холивуд, да си заминат, но тој ѝ рекол да останат уште 20 минути за да не бидат непристојни. Тогаш Коен рекла дека е многу уморна по што Вествик ѝ предложил да оди во една од собите и да се одмори.

„Наеднаш се разбудив кога видов дека Ед е врз мене, а неговите прсти влегуваат во моето тело. Му реков да престане, но тој беше силен. Се борев со него колку што можев, а тогаш ме фати со рацете за лицето и ми рече: ‘Сакам да те е*ам’. Се вџашив, бев исплашена. Не можев да зборувам, не можев да се поместам. Ме совлада и ме силуваше“, напиша Коен на „Фејсбук“.

Кога му кажала на партнерот што се случило, тој ја нападнал дека и таа го сакала тоа.

„Ми рече  да не кажувам никому затоа што Ед ќе ги сврти луѓето во филмската индустрија против мене и дека ќе треба да се простам од кариерата. Ми рече: ‘Не сакаш да бидеш една од оние силувани актерки”’, напиша Коен.

„Чувствувам гнев кога ќе видам дека луѓето како што се Ед добиваат почит од публиката. Тој дава изјави за Оксфорд, каде што е прогласен за влијателен човек. Како ќе заврши тоа? Луѓето како Ед ја користат славата и силата за да вршат насилство и да заплашуваат, а продолжуваат да собираат награди“, напиша Коен во својата исповед.

Актерот сè уште се нема огласено за ваквите обвинувања.