Нормализиран сообраќајот кај Пресека

Нормализиран сообраќајот кај Пресека

Од 9 часот утринава престана забраната за движење на камиони кај Пресека, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Претходно, во 7 часот престана забраната на Ѓавато. Во моментот забрана за движење на камиони има на патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, крак Маврово-Дебар, крак Стража-село Колари и обратно. На патот Тетово-Попова Шапка, освен за тешки товарни возила, има забрана и за движење на автобуси.