ОАЕ ги укина визите за работниците од Северна Кореја

ОАЕ ги укина визите за работниците од Северна Кореја

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека ќе прекинat да им издаваat визи на работниците од Северна Кореја со што се придружија на земјите од Персискиот Залив кои настојуваат да го спречат Пјонгјанг да ги избегнува санкциите и да заработува во странство,

Во соопштението на Министерството за надворешни работи не се споменати стотиците севернокорејски работници ангажирани во таа земја, а е наведено дека на граѓаните од Северна Кореја ќе им биде оневозможено да отвораат нови компании во ОАЕ, кои се цврсти сојузници на САД.

Во соопштението се наведува дека ОАЕ имаат верба во единствениот глобален фронт против нуклеарната програма на Северна Кореја.

Извештајот на ОН во 2015 година покажа дека повеќе од 50.000 државјани на Северна Кореја работат во странство и му носат заработка на Пјонгјанг меѓу 1,2 и 2,3 милијарди долари годишно.

Северна Кореја е сопственик на три корејски ресторани во ОАЕ, два во Дубаи и еден во Абу Даби, а се проценува дека Пјонгјанг ширум светот има 130 ресторани.